Фудбал
Фудбалерите на Милан во специјални дресови во продолжението на сезоната, а причината е навистина фантастична
Сезоната во Италија продолжува следната недела со повратните натпревари од полуфиналето на Купот, а продолжението на Серија А е закажано за 20 јуни.
Милан ќе гостува во Јувентус следниот петок како дел од возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Италијанскиот клуб денеска објави дека фудбалерите ќе играат во специјални дресови во продолжението на сезоната.
Имено, ќе има порака за поддршка на ракавите на дресовите за сите здравствени работници во Италија кои се бореа против пандемијата на коронавирусот.
„Сè ќе биде добро, ви благодариме на сите“ ќе биде напишано со златни букви на ракавите на играчите на Милан.
