Connect with us

Фудбал

Фудбалерите на Севиља не сакаа да играат против Рома

Рома се соочува со проблеми околу тоа како да патува во Шпанија, а сега е објавено дека мечот против Севиља во 1/8 од финалето на Лигата на Европа може да не се одигра бидејќи фудбалерите на шпанскиот клуб не сакаат да играат.

Двете екипи, кои требаше да се соочат на првиот натпревар од 1/8 од финалето од Лигата на Европа, сега се чини дека нема да го одиграат натпреварот.

На Рома не му било дозволено да патува во Шпанија со авион, бидејќи шпанската влада ги откажала сите патувања до и од Италија во обид да избегне зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Според италијанскиот весник „Ел Месиро“, планот на Рим е да патува во Шпанија со авион најпрво кон Португалија, а потоа од Португалија до Шпанија со автобус.

Сепак, сега се појави друг проблем што го загрозува развојот на овој натпревар.

Италијанскиот весник „Калчомеркато“ известува дека некои играчи на Севиља не сакаат да играат против Рома и тоа им го кажаа на челниците на шпанскиот клуб.

Понатаму, многу играчи на Ла Лига не сакаат да ги играат натпреварите, бидејќи Ла Лига донесе донесе одлука следните две кола да се одиграат без присуство на навивачи.