Фудбалерката на Барселона, Стефани Ван дерг Грегт објави дека очекува дете со партнерката Меризе Борст.
Холанѓанката објави порака на Инстаграм во која објавува дека таа и Меризе очекуваат бебе.
„1 + 1 = 3“, напиша кратко.
Честитки пристигнаа од сите страни, а момчето или девојчето треба да се роди на 20 ноември.
Стефани е во Барселона од 2018 година, претходно играше за Ајакс, Баерн, Твенте, Телстар и АЗ Алкмар.