Connect with us

Фудбал

Фудбалерките на Тиверија најуспешни на турнирот во Струмица

Женската фудбалска екипа на на Тиверија го освои првото место на Вториот меѓународен фудбалски турнир „Куп на карневалот Струмица 2018“.

Во финалниот натпревар фудбалерките од Струмица беа подобри од шампионот на Црна Гора, Брезница, славејќи победа од 2:0.

Третото место го освои екипата на Енко од Пловдив, Бугарија, која во средбата за трето место ја победи екипата на Топ Гол од Битола.

За најдобар играч на турнирот е прогласена Елена Панеска од Тиверија, а нејзината клупска другарка Викторија Панчурова е најдобар чувар на голот.

Титулата за најдобар стрелец ја поделија Бршњо и Карличиќ од екипата на Брезница и Николовска и Стојковска од Тиверија.