Фудбал
Фудбалерот на Интер најде стан во Милано за Мертенс
Дрес Мертенс скоро сигурно ќе го напушти Наполи на крајот од оваа сезона, бидејќи му истекува договорот.
Белгиецот преговараше за нов договор со Наполи, но тие не успеаја да постигнат договор. Веќе некое време се пишува дека тој ќе го напушти Неапол, но дека ќе остане во Серија А.
Во последно време, Мертенс најмногу се поврзува со трансфер во Интер, кој му понуди договор на три сезони. Како што пишува „Тутопорт“, тие веќе се согласиле за сè, и се чека на крајот на сезоната да се официјализира пристигнувањето на Мертенс во Интер.
Неговиот сонародник Ромелу Лукаку очигледно е од голема помош со цел Мертенс да дојде во Интер. Наводно, Лукаку пронашол и стан за Мертенс во Милано, и сè е подготвено за неговото пристигнување.
Лукаку живее на истата улица како Лаутаро Мартинез, а сега нивниот нов сосед ќе биде Мертенс.