Тајмаут
Фудбалерот на Ливерпул даде огромни пари за јахтата но заборави да купи крем за сончање
Откако ги помина првите неколку дена одмор со семејството во Швајцарија, Џердан Шаќири реши да го продолжи летниот одмор на Медитеранот.
Шаќири изнајми луксузна јахта за себе и за неговите пријатели, а во моментов се наоѓа во близина на Форментера, Шпанија. Фудбалерот на Ливерпул очигледно ужива во заслужената пауза, иако тој не играше многу оваа сезона.
Се појавија и фотографии од одморот на Шаќири и беше очигледно дека папараците не траеја долго за да го лоцираат.
Но, она што го привлече вниманието на многумина е фактот дека Шаќири заборави на сончањето, барем судејќи според фотографиите објавени денес.
