Фудбал
Фудбалерот на Ливерпул влезе во Гинисовата книга на рекорди!
Трент Александар-Арнолд официјално е претставен во Гинисовта книга на рекорд: 12 асистенции во една сезона во Премиер лигата, рекорд за дефанзивец! Не е лесно, но Арнолд тоа го направи. Дефанзивецот на Ливерпул, всушност, успеа да упати 12 додавања кои придонесоа за гол во сезоната 2018-2019 во Премиер лигата.
How may I assist you? ? Great to be a @GWR holder ? #GWR2020 pic.twitter.com/IcLMZ6xZMR
— Trent Alexander-Arnold (@trentaa98) October 16, 2019
На официјалното обраќање, тој им се заблагодари на своите соиграчи што му овозможија да ја достигнат оваа бројка.
„За мене е гордост и чест! Не би успеал без моите пријатели. Кога бев дете, често ја читав Гинисовата книга. За мене и семејството тоа е среќа“.