Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на ПСЖ ја открива судбината на Нејмар: „Многу зборуваме …“

Фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес тврди дека нема да има ништо од трансферот на Нејмар.

Се повеќе и повеќе се шпекулира дека една од најголемите sвезди на светскиот фудбал ќе ја напушти Франција и ќе се врати во Шпанија, односно Барселона, чии лидери се обидуваат да најдат начин да го реализираат трансферот.

Каталонските медиуми „Спорт“ и „Мундо Депортиво“ минатиот месец напишаа дека Нејмар е подготвен за драстично намалување на платата и дека се очекува понуда во текот на летото, но Паредес верува дека нема да има ништо од целата приказна.

Во интервју за „Фокс Спорт“, тој рече дека верува оти Нејмар останува таму каде што е.

„Јас многу зборувам со Нејмар. Тој секогаш ми се јавува. Сега е време на карантин, така да разговараме пшреку видео повици“, рече Аргентинецот, а потоа кратко додаде:

„О, тој ќе остане со нас“.

Потсетуваме, Нејмар го носеше дресот на Барселона четири години, а потоа во трансфер вреден 222 милиони евра, што е апсолутен рекорд, се пресели во ПСЖ и стана нов симбол на Париз.