Connect with us

Фудбал

Фудбалерот на Торино е позитивен на коронавирус: Нема симптоми, сместен е во изолација

Откако беа направени првите тестови на фудбалерите за коронавирусот, со цел да можат да се вратат на тренинзите, од Торино пристигнаа лоши вести.

Имено, еден од фудбалерите што не сакаа да го именуваат од клубот беше позитивен на коронавирус, а тој ќе биде сместен во изолација.

Челниците на лигата имаат одобрено индивидуални тренинзи, а се очекува наскоро да започнат и колективните тренинзи на клубовите.

Сепак, играчите стручниот штаб на тимот мораше да бидат тестирани и еден од играчите на Торино беше позитивен.

Од Торино потврдија дека тој нема симптоми и дека се чувствува добро, но и дека веднаш бил ставен во изолација.

„По тестовите, еден од нашите играчи тестираше позитивно на коронавирусот. Тој нема никакви симптоми, но тој веднаш беше ставен во изолација и лекарите ќе ја следат неговата состојба“, се вели во изјавата на Торино.