Фудбал
Фудбалот е под суспензија, но не и трансферите: Ватфорд потпишува нов играч!
Фудбалот е суспендиран во повеќето европски земји поради пандемијата на коронавирусот, а некои, како Франција и Холандија, решија целосно да ја откажат фудбалската сезона 2019/2020.
Судбината на Премиерлигата сè уште не е позната, но тоа не ги спречува клубовите да тргуваат.
Ватфорд денеска издаде соопштение дека е потпишан договор со нов играч.
Станува збор за 21-годишен играч од средниот ред, Пепе Гуеј, кој веќе има потпишано договор со Ватфорд, а истото ќе стапи на сила од 1 јули.
Пепе Гуеј ќе пристигне во Ватфорд од Ле Авр, клуб кој може да се пофали со една од најдобрите академии во Франција.
✍️ #WelcomePape
— Watford Football Club (@WatfordFC) April 29, 2020
Гуеј официјално пристигнува во Ватфорд без компензација бидејќи му истекува договорот со Ле Авр на 30 јуни. Тој веќе има потпишано петгодишен договор со англискиот клуб.
Младиот Гјуе оваа сезона одигра 25 натпревари за Ле Авр во Лига 2 и запиша две асистенции.