Фудбал
Фудбалот се менува, девојка ќе игра фудбал во ист тим со мажите
Тоа до сега се разбира никогаш не е видено, но Холанѓаните сакаат во професионалниот фудбал да ги израмнат мажите и жените. 19-годишната Елен Фокема, ќе биде првата фудбалерка која ќе заигра заедно со мажите, па ќе го засили четвртолигашот Фоарут. Доколку овој проект биде успешен, се очекува уште неколку нејзини колешки да тргнат по истиот пат, најнапред во Холандија, а потоа можеби во другите земји.
-Фудбалскиот сојуз секогаш ме советуваше да играм со мажите што е можно подолго, па зошто и ова да не е возможно? Голем предизвик е, но поради тоа дополнително се возбудувам. Не можам да ви кажам како ќе помине ова, но многу сум среќна што ќе учествувам во овој експеримент, изјави младата фудбалерка за холандските медиуми.