Фудбал
Фудбалската ѕвезда итно хоспитализрана во Саудиска Арабија, сериозно труење со храна (ВИДЕО)
Според неколку саудиски медиуми, напаѓачот на клубот Ал Ахли, Ријад Махрез е хоспитализиран во болница во Џеда. Според истите извори, Махрез доживеал труење со храна неколку дена по неговото враќање во Саудиска Арабија. Саудиските новинари дури го најавија неговото отсуство на следниот меч на неговиот клуб против Ал Тавон закажан за оваа сабота во 17 часот.