Connect with us

Фудбал

Фудбалски менаџер од Тетово станува газда на суперлигаш од Србија!

Познатиот фудбалски менаџер, Фали Рамадани, кој со потекло е од Тетово, наскоро би требал да стане газда на српскиот суперлигаш Мачва, објавуваа медиумите од северното соседство.
Преговорите со клупските структури и локалната власт во Шабац се при крај, по што тетовецот и официјално ќе треба да ја преземе грижата за овој клуб, пред сѐ во делот на финансирање на играчкиот погон како и водењето на спортскиот сектор на клубот.

Рамадани нема лично да ја предводи Мачва поради судирот на интереси со оглед што работи како менаџер на голем број европски фудбалери, па работата во тимот од Шабац ќе ја преземат негови блиски соработници. Составот од Шабац е во сериозни финансиски проблеми, поради што во моментов е на претпоследното место во Суперлигата, а неодамна клубот го напушти и тренерот Драган Антиќ.

Рамадани меѓу другото е застапник на Миралем Пјаниќ, а пред неколку години беше менаџер на тимот на Шкендија.

Извор: Sport1.mk