Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот гигант му направи статуа на легендарниот тренер, а меѓуножјето намерно истакнато (ФОТО)

Аргентинскиот тренер Марсело Гаљардо со голем успех ја водеше Ривер Плата од 2014 до 2022 година, а гигантот од Буенос Аирес реши да му се оддолжи за сите негови придонеси со поставување бронзена статуа пред стадионот „Монументал“.

Споменикот посветен на 47-годишниот Галијард е висок осум метри, но еден детаљ го привлече вниманието на најголемиот број посетители на стадионот на Ривер. Станува збор за меѓуножјето, кое, според скулпторот, било намерно истакнато.

Мерседес Саваљ, авторката на грандиозната статуа, изјави дека намерно го истакнала овој дел поради вулгарниот жаргон што се користи на аргентинските трибини.

„Намерно претерав во тој аспект бидејќи сфатив дека тоа е поврзано со навивачите и како тие го гледаат тренерот Гаљардо“, вели скулпторката која вели дека Гаљардо, која два пати ја освои Копа Либертадорес со Ривер, е задоволен од нејзината работа.

За среќа, господинот Гаљардо не побара објаснување во врска со статуата, ме пушти да работам во мир“, изјави Саваљ..