Connect with us

Фудбал

Фудбалскиот клуб Осогово е хит на денот: Тргнаа 200 шлепери за Барселона, обесштетување за Меси

Фудбалскиот клуб Осогово е познат по активноста на социјалните мрежи или поточно речено на Твитер каде многу често знаат да објават нешто поради што веднаш ќе се најдат во центарот на вниманието на спортската јавност.

Нивната нова објава е вистински хит на денот. Имено, во ситуација кога во Барселона „врие“ поради одлуката на Меси да побара раскин на договорот и да замине од тимот, Осогово се одлучи да се „вклучи“ во трката за Аргентинецот.

– Се товараат и последните 36 шлепери од вкупно 200 со биен ориз кои во текот на денот треба да тргнат за  Барселона! Договорот е за 1 месец.

П.С. Подобро еден месец да Рика Лавот, одколку цел живот мјаууу…Стои во објавата на твитер.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com