Connect with us

Фудбал

Фулам мораше да добие два црвени картони, да му го исклучат и тренерот, па Манчестер Јунајтед да победи (ВИДЕО)

Супер интересен меч одиграа Манчестер Јунајтед и Фулам во ФА Купот на „Олт Трафорд“. Гостите први поведоа со голот на Митровиќ во 50-та минута, а се чини дека клучниот момент се слчи во 72-та минута кога беа исклучени двајца фудбалери на Фулам, Вилиан и Митровиќ, но и тренерот Силва.

Е, тогаш му беше полесно на Манчестер Јунајтед, кој од пенал преку Фернадес во 75-та доаѓа до 1:0, а две минути подоцна Сабицер погоди за 2:1. Во 96-та минута Фернандес погоди уште еднаш за конечни 3:1 и пласман на Јунајтед во следната рунда во ФА Купот.