Фудбал
Гачевски му кажа збогум на Вардар, го напушта „бродот кој тоне“
Поради тешката финансиска ситуација и поради тоа што нема најави за спас на Вардар, многу фудбалери го напуштаат тимот. Последен во низата е голманот Филип Гачевски. Самиот ја потврди информацијата преку социјалните мрежи.
-За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ. Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност. Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!!, напиша Гачевски на ФБ.