Ракомет
Гаџа потврди, доаѓа во Вардар: Се надевам дека Вардар повторно ќе биде стариот
Откако се појавија информации дека Анте Гаџа ќе биде ракометар на Вардар, Загреб ја демантираше информацијата.
Иако од Загреб демантираа и тврдеа дека Гаџа е нивни играч, страните се договориле но и самиот играч потврди дека доаѓа во Вардар.
„По заминувањето на Сташ Скубе, Вардар барал некој на моја позиција. Му се јавиле на мојот менаџер кој ме праша дали сакам да одам таму, му реков: Секако! Му реков дека сакам да одам бидејќи Вардар е европски шампион и тоа е уште еден чекор напред во мојата кариера. Се надевам дека Вардар ќе биде оној стариот. Многу од играчите останаа и ги продолжија договорите, па се надевам дека ќе биде успешна сезоната и дека ќе ги исполниме целите кои новиот газда ќе ни ги постави“, изјави Гаџа