Фудбал
Гајле ми е за проблемите на ПСЖ, не го чепкајте Меси, заљубен сум во него!
Тренерот на Нант, Антоан Комбуаре на денешната прес-конференција беше запрашан да ја коментира ситуацијата во Пари Сен Жермен.
Како нивен поранешен играч и тренер, Комбуаре сигурно има збор за состојбата во Градот на светлината. Деновиве е актуелна суспензијата на Лионел Меси од Пари Сен Жермен, Аргентинецот денеска испрати извинување, но јасно е дека повеќе нема љубов меѓу двете страни.
Комбуаре би се однесувал поинаку со Меси доколку тој води тим во кој играл еден од најдобрите фудбалери.
„Не ми е гајле за проблемите што ги има ПСЖ. Заљубен сум во Лео. Не го чепкајте Меси, срамота е што го навредуваме тој човек. Да го имав во тимот јасм би му кажал: Чекори напред, никогаш не трчај назад и забавувај се. Но, тоа е само мое мислење како фудбалски навивач“, рече Комбуаре.
Неговиот Нант минатата недела загуби во финалето на Купот на Франција од Тулуз, а по епизодата во четврт-финалето на Лига Европа е загрижен за опстанокот во Лига 1.