Фудбал
Галијани: Ибра во Милано? Го побарав пред неколку дена, но …
Адријано Галијани, поранешниот генерален менаџер на Милан, зборуваше за „Бинарио Радио Спорт“ за можно доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Милан.
„Го повикав пред неколку дена и не ми одговори. Дали треба да се врати во Милано? Не знам, се обидувам да го повикам, да стапам во контакт со него, но не добив одговор“.
Во меѓувреме, се подразбира дека Малдини и Бобан лично контактирале со Златан, без посредство на агентот Рајола. Понудата останува иста, но неодамнешните разговори го утешија напаѓачот за времетраењето на договорот, што може да биде продолжено за следната сезона доколку личните и тимски цели се остварат за шест месеци.
Милан побара брз одговор од Ибра, бидејќи веќе нема време за чекање. Одговорот на Златан треба да дојде во наредните неколку часа. И ако е така, како што сугерираат сите најнови елементи, Златан ќе биде во Милано на 30 декември, кога екипата продолжува со тренинзите.