Connect with us

Фудбал

Галијани му се јавил на Ибра: Ова не е твој Милан, твојот Милан е одалечен 11 километри

Златан Ибрахимовиќ по мечот со Јувентус и неверојатната победа преку пресврт со 4:2 најави дека повеќе навивачите нема да го видат во Милано. По завршувањето на сезонта сигурно заминува од „Сан Сиро“, но иако медиумите велат дека се поизвесно е негово враќање во Шведска, поточно во тимот на Хамарби, сепак тој добил интересна понуда.

Како што вели Ибрахимовиќ, му се јавил Адријано Галијани, кој заедно со Силвио Берлускони сега ја предводат Монца. Оваа година тимот обезбеди пласман во Серие Б, а амбициите се Серие А.

-Ми се јави и ми рече: Велиш, ова не е твојот Милан? Твојот Милан е одалечен 11 километри од градот, вели Ибра и додава:

-Генерално, ми се допаѓа Галијани и неговиот начин на работа на позицијата спортски директор. Кога ме носеше во Милан, првиот пат, дојде во мојата куќа во Шведска и не сакаше да се врати во Италија без мене. Сопругата беше лута, зборуваше за него дека е луд, но јас знаев дека тој без моето ДА немаше да ја напушти куќата, вели Ибра.