Connect with us

Други спортови

Гасли: Денес ќе спијам со трофејот во раце, тоа е сигурно

Монца, 6 септември 2020 (МИА) – Пилотот на Алфа Таури, Пјер Гасли ги сподели своите емоции по првата победа во Формула 1.

– Јас не сум некој што ќе се откаже од ништо. Отсекогаш морав да се борам за сè во животот, почнувајќи од картинг. Имам многу силна желба да напредувам. Голема благодарност до сите наши момци. Повеќето се Италијанци, па ова е одличен момент за тимот. Буквално дадов се што можев и нападнав многу силно за да го градам водството. Последните пет круга беа многу тешки. Денес ќе спијам со трофеј во рацете, тоа е сигурно! – призна Гасли.

Французинот денес беше најбрз во Монца во трката за Големата награда на Италија. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com