Connect with us

Кошарка

Гасол откри интересни детали за неговата врска со Брајант!

Легендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол обелодени зошто неговиот поранешен соиграч Коби Брајант имал специфичен прекар за него.

Шпанскиот кошаркар Пау Гасол откри дека за време на неговата кариера во Лос Анџелес Лејкерс имал два интересни прекари, од кои едниот бил Пабло.

Така бил викан од легендарниот Коби Брајант, а мотивот не бил ништо помалку од Пабло Ескобар, познатиот нарко бос од Колумбија.

– Коби ме викаше Пабло. Тој секогаш се обидуваше да го разгори мојот внатрешен оган и ме нарекуваше Пабло заради Пабло Ескобар. Не затоа што тој бил дилер на дрога, туку заради тој убиствен инстинкт. Тоа ми помогна да ја зголемам мојата агресија, тој ме споредуваше со самиот себеси – рече Гасол во интервју за „Ла Резистенција“.

Вториот прекар се однесува на потеклото.

– Ме нарекоа и Шпанец, по филмот Гладијатор. Тие го пуштаа тој филм, музиката од него, сè … – додаде 39-годишниот центар.

Гасол играше за Лејкерс од 2008 до 2014 година и го освои прстенот во НБА лигата во сезоните 2009 и 2010 година. Тие исто така беа последните трофеи за познатата франшиза од Калифорнија.