Connect with us

Фудбал

Гасперини: Мислите за Скудетото не смеат да дојдат до нашиот мозок

Екипата од Бергамо уништува сè пред себе, а победата остварена минатата недела над Сампдорија (2:0) е исто така деветта по ред за овој клуб предводен од искусниот Џан Пјеро Гасперини.

Следниот предизвик на Аталанта е кон крајот на неделава, кога тие ќе се натпреваруваат со водечкиот Јувентус, а во случај на победа, би се оддалечила само шест бода од првото место. Но, првото место не е главната цел.

„Не смееме да дозволиме мислата за титулата да стигне до нашите мозоци. Јувентус се уште е во најдобра позиција, дури и покрај поразот од Милан тие докажаа дека никој не е еднаков на нив во Италија. Мора да се предизвикуваме, да се обидеме да освоиме што е можно повеќе поени и потоа на крајот да видиме дали можеме да завршиме пред Интер и Лацио“, рече Гасперини.

Аталанта, меѓу другото, се квалификуваше и во четвртфиналето од Лигата на шампионите.