Фудбал
Гатузо дефинитивно останува тренер на Елмас, доаѓаат и три засилувања
Елиф Елмас ќе добие нов, побогат договор, објавија пред неколку дена италијанските медиуми. Сега, нова вест, овој пат за тренерот Џенаро Гатузо. Италијанските медиуми велат дека и тој ќе добие нов договор, бидејќи раководството на тимот било задоволно од начинот на кој го води тимот. Според информациите, тој ќе остане на кормилото на Наполи до 2023-та година, со 1,6 милиони евра годишна плата.
Се спомнуваат и три можни засилувања, Виктор Осимен од Лил веќе е познато, додека за останатите желби на Гатузо се уште не се знаат имињата.