Фудбал
Гатузо го сака дефанзивецот на Милан
Лидерите на Наполи се заинтересирани за дефанзивец Рикардо Родригез, кој игра за ривалите од Милано.
Се шпекулира дека Родригез го напушта Милан поради слабата минутажа оваа сезона од доаѓањето на Тео Хернандез.
Според италијански „Калчиомеркато“, Наполи е заинтересиран да го купи играчот и сега започнале преговори со „Росонерите“.
Се смета дека Наполи е подготвен да го позајми играчот и да го купи во текот на летото.
Преговорите се во раните фази, но сè ќе зависи од желбата на играчот, кој сака да му се придружи на поранешниот тренер Џенаро Гатузо.