Фудбал
Гатузо ќе добие отказ, четворица кандидати за тренер на Елиф Елмас
Наполи загуби на гостувањето кај Аталанта со 3:1 и со тоа ги заврши натпреварите во Италијанскиот Куп. Во финалето ќе играат Јувентус и Аталанта.
Поради лошите резултати и променливите игри на Џенаро Гатузо му се заканува отказ. Според италијанските медиуми четворица кандидати се во игра за тренер на Елиф Елмас.
Тие се тренерот на Верона, Иван Јуриќ, потоа Италијано од Специја, Спалети и Рафаел Бенитез.