Connect with us

Фудбал

Гатузо: Не се плашиме од Барселона

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, инсистираше на тоа дека неговиот тим нема да биде заплашен од предизвикот на Барселона во 1/8 финалето на Лигата на шампионите, но вели дека ужива во фактот дека тоа ќе биде фантастичен дуел.

Италијанскиот селектор, кој го замени Карло Анчелоти минатата недела, зборуваше по ждрепката во Лигата на шампионите.

„Барселона е одличен тим и голем предизвик за нас, ќе имаме два фантастични натпревари“, рече Гатузо по ждрепката.

„Но, ние ќе се соочиме со нив без страв“, додаде Гатузо.

Натпреварот против Барселона ќе биде прв на Гатузо во ЛШ, откако Анчелоти беше отпуштен по последниот натпревар во групата.