Connect with us

Фудбал

Гатузо: Немам објаснување за кризата, сигурно постои проблем надвор од теренот

По поразот од 3:0 од Верона, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо изјави дека нема објаснување за тоа што се случучува и дека нема никакво оправдување за новиот пораз.

Игравме добро 25 минути и создадовме шанси, но по вториот примен гол целосно се изгубивме. Беше срамно но мораме понатака. Мислам дека постои проблем надвор од теренот, ама не знам што е. Играчите добиваат плата на време, немаме проблеми во соблекувалната. Морам да видам што се случува, не ми се допаѓа ова, рече Гатузо.