Connect with us

Фудбал

Гатузо пред мечот со Барселона: Она што го прави Меси, сум го видел само во видео игри

Утре вечер Наполи на домашен терен ја пречекува Барселона во првиот осминафинален меч. Пред овој дуел Гатузо зборуваше за очекувањата и шансите.

-Сите велат дека мораме да го затвориме Лионел Меси. Но, тоа не е така, нема само Меси да игра против нас. Секако тој е инзвореден играч. Она што тој го прави сум го видел само на видео игри. Тој е пример кој децата треба да го следат, на теренот, но и во животот, вели Гатузо.

Натпреварот се игра утре вечер со почеток во 21:00 часот.