Connect with us

Фудбал

Гатузо се откажува од Елмас, ќе биде продаден во јануари

Италијанските медиуми пренесуваат дека авантурата на Елиф Елмас во Наполи е завршена и нашиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок ќе биде продаден.

Елмас ја стекна довербата на Карло Анчелот, но не успеа да го импресионира новиот тренер Џенаро Гатузо кој испратил барање до управата да му се обезбеди потписот на Лукас Тореира од Арсенал.

Доколку Тореира ја прифати понудата на Наполи и пристигне во јануарскиот преоден рок, тоа автоматски значи и крај за Елмас во Наполи.