Connect with us

Фудбал

Газдата на Лидс, заедно со сопсвениците на ПСЖ купуваат италијански тим?!

Хаотичната сезона на Сампдорија, која испадна од Серија А , а потоа доби закана дека поради финансиски проблеми може да испадне и во четвртата лига, сепак може да има среќен крај. Како што пренесуваат медиумите од Италија, славниот тим од Џенова видел светло на крајот од тунелот – во клубот би можеле да пристигнат нови сопственици.

Неофицијално, сопственикот на Лидс Јунајтед, Андреа Радричани е блиску до купување на Сампдорија, а негови малцински партнери во овој бизнис ќе бидат шеиците кои се сопственици на Пари Сен Жермен! Доколку тоа се случи во блиска иднина, прва цел ќе биде финансиската стабилизација на клубот, односно подмирување на акумулираните трошоци. Нема дилема дека амбициите на новите сопственици би биле враќање во елитните редови на италијанскиот фудбал.