Фудбал
„Gazzetta dello Sport“: Миралем Пјаниќ кажа „да“ на Барселона!
Трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус во Барселона е сè поизвесен, пишува „Gazzetta dello Sport“.
Оваа информација „Gazzetta dello Sport“ ја објави утрово, а беше пренесена и од други медиуми во Италија, дека Пјаниќ прифатил да замине во Каталонија и сега на клубовите им останува да постигнат договор, а се чини дека тоа би можело да биде случај во наредниот период.
Јувентус е заинтересиран за 23-годишниот Бразилец Артур, кого го цени тренерот Маурицио Сари, но играчот не сака да ги напушти Каталонците, па сега во приказната се наоѓа искусниот Хрват Иван Ракитиќ (32) и Чилеанецот Артуро Видал (32), кој веќе играше за Јуве со кого освои четири Скудетос, Купот на Италија и два Суперкупа на таа земја.
Факт е дека и Ракитиќ и Видал ќе добијат многу малку простор за играат од Сетиен и клубот е подготвен да се ослободи од нио уште ова лето, а сега би можеле да станат дел од трансферот во кој Пјаниќ би го носел дресот на Барселона. Со одреден паричен надоместок, двата клуба би можеле да бидат задоволни од конечниот договор.
Патем, се наведува дека Пјаниќ би добил договор на Ноу Камп според кој би заработувал осум милиони евра годишно, што е повеќе отколку што заработува во Јувентус, иако е меѓу најплатените играчи на тимот од Торино.
30-годишниот Босанец во Јуве пристигна од Рома летото 2016 година, откако претходно играше за Лион и Мец. Во тековната сезона, до прекинот на истата, тој одигра вкупно 32 натпревари за Јувентус и постигна три гола и четири асистенции. Со лидерот во Серија А тој освои три Скудетос, два купа и еден Супер куп.
Тековната вредност на Пјаниќ се проценува на околу 60 милиони евра.