Connect with us

Кошарка

Гечевски за Бајиќ: Тој е вистинскиот избор, сакаме да направиме сериозна репрезентација

Published

on

Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски изрази задоволство поради постигнатиот договор со еден од најуспешните тренери на просторите на поранешна Југославија последните години.

Драган Бајиќ ќе ја води репрезентацијата во следните четири години, а постои можност соработката да биде проширена и потоа.

-Договорот е постигнат пред околу две недели, на обострано задоволство. Сметаме дека Бајиќ е вистински избор за селектор, со оглед на неговото знаење и искуство. Сакаме да направиме сериозна репрезентација, а планираме соработка на долг период. Му посакуваме добредојде и многу успех во работата, рече Гечевски на денешната промоција.

 

Facebook