Фудбал
Генералниот секретар на ФИФА: Сенегал со магионичари ќе му помогне на Мане
Генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура, изјави дека нејзините сонародници од Сенегал ќе помогнат да се обезбеди Садио Мане да биде подготвен за Светското првенство во Катар и покрај повредата што ја заработи при победата на Баерн Минхен над Вердер Бремен со 6-1 во вторникот.
Баерн потврди дека Мане ја повредил десната фибула и нема да игра против Шалке в сабота.
Мане е вклучен во 26-члениот тим на тренерот Алиу Сисе и покрај неговата повреда, а Самура вели дека нејзиниот тим ќе направи се за да му даде шанса на Мане да игра.
„Ќе користиме волшебници. Не знам дали се ефективни, но во овој случај ќе ги искористиме. Се надеваме на чудо бидејќи тој само треба да биде во тимот“, изјави Самура за Европа 1.