Тајмаут
ФОТО: Георгина „гори“ и додека носи маска
Георгина Родригез донираше 20.000 заштитни маски во добротворни цели.
Свршеницата на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо повика на носење заштитни маски кои го спречуваат ширењето на коронавирусот.
Георгина на Инстаграм објави фотографија од себе во тесен костум и маска на лицето, зборувајќи за нејзината соработка со добротворни организации, на кои и донираше 20 илјади маски.
„Носењето маска нè штити сите од ширењето на Ковид-19“. Можеме да го намалиме бројот на заразени од оваа болест и да го спасиме светот со таква едноставна операција како носење маска. Ве молам, продолжете да го ширите овој апел. Заедно можеме да победиме“, напиша Георгина.