Тајмаут
Георгина на Роналдо во долна чишкаста облека позираше покрај елката (ФОТО)
Празниците се ближат, декември е посебен месец, а куќата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез е веќе украсена и подготвена за она што следува.
Елката ја краси дневната соба во домот на планетарната популарна двојка, а Георгина сподели неколку фотографии со обожавателите на социјалните мрежи кои привлекоа големо внимание.
Оваа убавица носеше црвена долна чипкаста облека додека лежеше позирајќи веднаш до божиќното дрво.
„Да се сакаш себе си е почеток на вечна љубовна приказна“, напиша таа во описот на фотографиите.
Долгогодишната девојка на Роналдо не е туѓа во споделувањето слични слики на профили каде ја следат над 22 милиони луѓе.
View this post on Instagram