Фудбал
Герет Бејл го пропушта мечот со Еспањол
Велшкиот играч за врска на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе го пропушти денешниот натпревар со Еспањол. Мадрид може да стане шампион на Шпанија пред време, дури и нерешено, бидејќи клубот веќе ги испланирал прославите за титулата.
Бејл , кој не го сакаат навивачите на Реал , тренираше напорно во текот на неделата, но во последен момент испадна од групата откако се пожали на болки во грбот.
Тренерот Карло Анчелоти имаше намера да се потпре на него бидејќи сака да ги задржи своите клучни играчи за реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Бејл оваа сезона има 5 натпревари за Реал на кои постигна 1 гол.