Connect with us

Фудбал

Герет Бејл им пркоси на Зидан и Перез

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл и ова лето се чини дека нема да го напушти клубот. Ова го изјави неговиот менаџер Џонатан Барнет, кој вели дека интерес за неговиот клиент има од други тимови, но малкумина можат да си дозволат да имаат играч во своите редови како што е Бејл.

Барнет воедно вели дека Велшанецот убаво се чувствува во Мадрид.

-Герет е добро. Му остануваат уште две години од договорот. Го сака животот во Мадрид и не оди никаде. И натаму е добар како останатите играчи во тимот. Се зависи од Зидан. Се разбира дека има интерес за Бејл, но тешко дека некој светски клуб може да си дозволи да го има во своите редови, вели Барнет кој додава:

-Гарет не сака да го надживее Зидан во Реал. Господинот Зидан беше многу успешен. Нема нетрпеливост помеѓу нив. Зидан едноставно не сака Бејл да игра. Герет тренира секој ден, вели неговиот менаџер.