Connect with us

Ракомет

Германија го заокружи совршениот ден за фаворитите

Совршен ден за фаворитите на Европското првенство во ракомет кој го заокружи Германија, совладувајќи ја Белорусија со резултат 31:23.

По Шпанија и Хрватска во првото коло од втората групна фаза, Германија лесно се справи со Белорусија и издвојува победа.

Германија поведе во овој натпревар и предноста ја држеше од почеток до крај. Првото полувреме заврши со резултат 18:11, додека во продолжението предноста на Германците се движеше помеѓу шест и осум гола за конечни 31:23.

Сите германски ракометарки се регистрираа за стрелци, а најефикасен е Кастинген со шест гола. Во белоруските редови добар натпревар со шест постигнати голови одира Кулеш.

Лидерите во Првата група се Шпанија и Хрватска со по четири бода, Австрија и Германија по два бода, додека Белорусија и Чешка немаат бодови.