Connect with us

Фудбал

Германската легенда „плука“ по Кутињо: Не се сеќавам да направам ништо како што треба, тие добија половина играч

Поранешниот германски фудбалер, и членот на Ливерпул и Баерн Минхен, Дитмар Хаман, прилично многу го „исплука“ фудбалерот на Баварците, Филипе Кутињо.

За него, засилувањето на екипата од Минхен во моментов е половина играч, бидејќи тој не прави разлика во нападот на теренот, ниту пак има никакво влијание врз одбраната.

„Мене ми игледа како изгубен во тимот. Не се сеќавам на какви било добри активности што тој ги сторил на теренот“, рече Хаман за „Билд“, а потоа продолжи:

„Кога имате играч како него во тимот и не покажува ништо посебно, тогаш имате проблем, затоа што можете да сметате само мна половина играч во одбрана. Има уште 30 или 35 натпревари кои остануваат до крајот на сезоната и конечно треба да стори нешто”, истакна Хаман.

Хаман во минатото честопати имаше појавувања во медиумите и тоа се претежно јавни критики на штета на многу познати имиња во светот на фудбалот.

Реклама

Facebook