Други спортови
Германски надбискуп откри како денеска изгледа Михаел Шумахер
Германскиот надбискуп Георг Генсвајн, кој беше во посета на Ф1 легендата Михаел Шумахер во неговиот дом, открива дека Шумахер ги „чувствува“ саканите луѓе околу него и е здебелен во лицето.
Надбискупот вели открива дека го посетил Шумахер во 2016 година, додавајќи дека тој станал „малку пополн“ во лицето, но дека уште изгледа исто како кога доминираше во Ф1.
-Седев до него, го држев за раце и го гледав. Тој ги чувствува луѓето кои го сакаат околу него, и кои благодарам на Господа, ја држат јавноста подалеку од него, изјави 62-годишниот Гансвајн за „Билд“.
Тој додаде дека секогаш во неговите молитви го споменува Михаел и неговото семејство.
Околу состојбата на седумкратниот Ф1 шампион имаме многу малку информации по сериозната повреда на главата добиена на скијање на Француските Алпи на 29 декември 2013 година, бидејќи неговото семејство прави сѐ што е можно да ја заштити неговата приватност.
Шпекулациите велат дека грижата за него го чини семејството 120.000 евра неделно, бидејќи 15 луѓе се околу Германецот.