Connect with us

Фудбал

Германскиот великан потврди, го купи македонскиот фудбалер

Дарко Чурлинов се приклучи на тренинзите на германскиот великан Штутгард. Тимот од Бундеслигата објави фотографија од македонскиот фудбалер за време на тренинг и потврди дека од денеска тој ќе го носи нивниот дрес.

Сепак, како што соопштија од Штутгард деталите се уште се утврдуваат со Келн, во чија сопственост е 19-годишниот играч од средниот ред.

Чурлинов е роден во Скопје, бил дел од младинските категории на Ханза Рошток, Магдебург и Келн. Минатата година беше прекомандуван во првиот тим на Келн, но иако тренираше со најдобрите, сепак настапуваше за вториот тим на овој германски клуб.