Поврзи се со нас

Други спортови

Германци ја одбранија титулата во двојки кај мажите на „Ролан Гарос“

Париз, 10 октомври 2020 (МИА) – Германците Кевин Кравиц и Андреас Миз ја одбранија титулата во машки двојки на „Ролан Гарос“.

Осмите во шемата Кравиц и Миз ги совладаа шампионите на УС Опен, Мате Павиќ (Хрватска) и Бруно Соареш (Бразил) во финалето со 6:3, 7:5 за 89 минути.

Германците не дозволија брејк во натпреварот и стигнаа до својот втор Гренд-слем трофеј. Водеа со 4:1 на патот кон успехот во првиот сет, а во вториот го направија единствениот брејк во 11-от гем, а потоа го затворија мечот при својата втора можност.

Advertisement