Фудбал
Германците одлучија да ја продолжат суспензијата: Нема Бундеслигата до мај
Германската фудбалска федерација го премести потенцијалниот датум за враќање на Бундеслигата како и другите лиги на 30 април.
Првично, беше решено дека поради пандемија на коронавирус во Германија фудбалот ќе „згасне“ до 3 април, но сега е сигурно дека суспензијата ќе трае барем до крајот на следниот месец.
Значи, пред мај, нема да ги гледаме натпреварите во Бундеслигата и пониските лиги во Германија, а прашање е дали проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирусот ќе бидат решени дотогаш.
Имаше гласини дека Германците би можеле да го завршат шампионатот пред крајот и да му ја дадат титулата на водечкиот тим, а тоа моментално е Баерн, но на крајот, клучна беше желбата првенството да се одигра до крајот.