Фудбал
Германците први! Ова е распоредот за Куп-натпреварите
Овој викенд се закажани први натпревари од 26. коло, но тука не е крајот на убавите вести за фановите, потврдуваат се и датумите за мечевите од ДФБ Купот.
Големото финале ќе се одигра на 4 јули на Националниот стадион во Берлин. Полуфиналните дуели се закажани за 9 и 10 јуни, а паровите ги сочинуваат Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен – Сарбрикен.
Поради пандемијата сите натпревари очекувано ќе се играат без навивачи на трибините, а титулата во Купот ќе ја брани Баерн Минхен.