Фудбал
Гетафе ја израдува Португалија – и донесе место плус во Лигата на шампионите
Гетафе го победи руски Краснодар со 3-0 во последното коло во Лига Европа, и обезбеди пласман во следната фаза од Лигата на Европа. Но покрај победата, тие ја израдува цела Португалија бидејќи ѝ донесе место плус во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21.
За Португалците досега имаше две места во најелитното европско натпреварување, но токму ова победа на Гетафе ѝ пресуди на Русија.
Претставниците на Русија со доста слабите настапи сезонава предизвикаа пад на коефициентот, па Португалија ги помина на ранг-листата на УЕФА и сега е шестопласирни, што ѝ гарантира три места во нај елитното европско натпреварување, веднаш зад најдобрите пет лиги во светот.
Ова значи дека Португалија ќе има два директни учесници во ЛШ и еден кој ќе се бори преку квалификациите. И во Лига Европа ќе имаат три претставници од кои победникот на купот ќе има директен пласман, а четвртиот и петтиот на табелата ќе мораат преку квалификации да се борат за место во групите.