Поврзи се со нас

Фудбал

Геце погоди за ПСВ девет минути по дебито

Цволе, 18 октомври 2020 (МИА) – Засилувањето на холандскиот фудбалски прволигаш Марио Геце го отвори резултатот во натпреварот од 5. коло против Цволе.

Дваесет и осумгодишниот играч за врска го искористи киксот на дефанзивецот на ривалот, пресретна додавање кон голманот во казнениот простор, го помина голманот и погоди во празна мрежа.

Геце дебитира за клубот од Ајндховен и веднаш го постигне првиот гол, за што му беа потребни само девет минути. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама