Фудбал
Ги дочекаа своите пет минути, тројца играчи кои имале проблеми со него, се израдуваа на отказот на Сари
Јувентус веднаш го отпишти тренерот Маурицио Сари откако беа елиминирани од Лион во осминафиналето во ЛШ. Тоа едвај го чекаа тројцата играчи кои некогаш имаа големи проблеми со Сари. Станува збор за Марио Манџукиќ, Емре Чан и Даглас Коста, кои веднаш ставија „лајк“ на објавата на Јувентус за отказот на Сари.
Манџукиќ и Чан го напуштија клубот откако дојде Сари, додека Даглас Коста беше во втор план во текот на целата сезона.