Connect with us

Фудбал

Ги елиминираа Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Милан, но во финалето примија „петарда“, наместо Хајдук, друг тим испиша историја

Младиот тим на Хајдук е поразен со убедливи 5:0 во финалето на Лигата на шампионите за младинци од холандски Аз Алкмар. На патот до финалето хрватскиот тим ги елиминираше врсниците на Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Милан, но во финалето беа без сили или премногу импресионирани.

Сепак, од друга страна и за Аз Алкмар е ова историски момент. Прв пат младинскиот тим на оваа екипа освојува ваков пехар. Претходните пехари од ги освојуваа младински екипи на Бенфика, Реал Мадрид, Порто, Барселона, Челзи, Ред Булс Салцбург…